Во скопската Зоолошка градина се родија два пингвина, објави Скопје ЗОО. „ Крвната линија на нашето јато започна од Русија и Италија, а со бебињата кои ги имаме успешно ја продолжуваме одржливоста на видот Хамболт пингвини во Европа и светот“, велат од Зоолошката. Овие јужноамерикански птици се многу интелигентни и бараат многу внимание и грижа. Најчеста закана за болести е периодот кога има влага и испарување, а во светски рамки и маларијата ...
Од Зоолошката градина Скопје денеска објавија дека „Новата година во Скопје ЗОО ќе ја започнеме со две бебиња пингвини“. „Нашиот пар Џонатан и Лила се родители на две мали пингвинчиња кои се испилија на 23-ти и 26-ти ноември. Пингвините несат по најмногу две јајца, а најчесто преживува само едно, но во Скопје ЗОО со сета грижа успешно се справуваме со овој предизвик веќе трета сезона и ова е трета година како што имаме бебиња, што е голема ...