Аргентина е првата репрезентација која обезбеди пласман во нокаут фазата на Копа Америка и тоа откако ја забележа втората победа на турнирот кој се одржува во Соединетите Американски Држави. „Гаучосите“ успеаа да го совладаа борбениот Чиле со 1-0 со погодокот кој во самиот финиш на средбата го постигна напаѓачот на Интер, Мартинез. Фаворитот претходно двапати ја погоди рамката од голот на противникот, Мартинез пак ги скроти ударите кои ...

Аргентина е првата репрезентација која обезбеди четвртфинале на Копа Америка. Светскиот шампион и бранител на континенталната круна го совлада Чиле со 1:0 во Њу Џерси. Решавачкиот гол беше постигнат во 88. минута. По корнерот кој го изведе Лионел Меси, по еден „карамбол“ во шеснаесетникот на Чиле најдобро се снајде Лаутаро Мартинез кој од неколку метри ја смести топката во мрежата. Аргентинците имаа дури 21 удар кон противничкиот гол, но до ...