Полека територијата на нашата Македонија, особено од утре вечер (петок кон сабота / 9 кон 10 мај) ќе навлегува во ладен период со потпросечно ниски температури на воздухот за мај. Ќе има нови врнежи од дожд, особено утре навечер и ноќта кон сабота (9 кон 10 мај). Врнежите повремено ќе бидат пообилни и локално ќе наврне позначително количество на дожд (над 20 литри). Сето ова ќе биде проследено со умерен, повремено засилен ветер од северен правец ...
Денес (петок 9 мај) во текот на попладневните и вечерните часови, како и ноќта кон сабота (10 мај) од Медитеранот во нашата Македонија ќе навлезе нов влажен бран кој на повеќе места ќе услови врнежи од дожд, локално пообилни и поројни и проследени со ретки грмежи. Ќе започне да дува северен ветер, повремено со поголем интензитет, а температурите ќе опаѓаат, и тоа поради продор на поладен воздух од север и од североисток. И во Скопскиот регион со ...