Кошаркарите на Маџари полни со оптимизам влегуваат во вечерашниот дуел против Тиквеш (19 часот, СРЦ Кале), во кој ќе дадат се за да стигнат до првата суперлигашка победа во клупската историја. Ланскиот првак во Втората лига имаше убедливо најтежок распоред на стартот, почнувајќи против МЗТ Скопје, Куманово, ТФТ и Пелистер, претрпени беа четири порази, но на сите четири меча Маџари целосно им парираше на поквалитетните противници. Токму поради ...
Маџари стигна до првата суперлигашка победа во клупската историја откако по голема битка успеа да слави над Тиквеш со 76-74, и тоа со поени на Амар Хот на половина секуна до крајот на мечот. Тиквеш израмни на нешто повеќе од две секунди до крајот, по што Миодраг Тодоровиќ побара тајмаут за Маџари, цртајќи „докторска“ акција што беше беспрекорно реализирана. Додека кавадарчани внимаваа на главните шутери на домаќинот, Хот одлично втрча во ...

