1 „Сања Божиновска е поголема Македонка од сите вас заедно“, изјави од собраниска говорница премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето дали при составувањето на Владата знаел дека министерката за енергетика имала бугарски пасош. Не знам дали премиерот има некој македонометар, па оваа споредба на македонштината беше упатена само кон пратениците на СДСМ кои беа во салата, ама тезата му е прилично навредлива за сите нас што немаме ...

Откако од Бугарија стигна и веста дека директорот на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) Бојан Христовски полагал испит по англиски јазик ТОЕФЛ во јазично студио што не организира такви испити, Мицкоски ни вели: Националната безбедност не заслужува да биде тема на јавноста. Ма немој. А што заслужува да биде тема на јавноста? Па и бугарското и чешкото државјанство на министерката Божиновска е тема од национална безбедност. Енергетика е во ...