Пишува: Зоран Ѓоршоски Исто како и во првото коло во новата сезона, така беше и во второто. Атрактивни натпревари, добра посета, посебно во Кавадарци и Гостивар, сите мечеви на ТВ, фудбалско уживање. И она што ќе се памети, на сите шест натпревари со победи за гостите. Не паметиме некогаш ова да се случило во историјата на ПМФЛ, а ова е 34.сезона. Секако дека Силекс ја доби службено со 0:3 кај Шкупи, но победа си е победа. Вардар, Шкендија, ...
Заврши првиот меч од 3.коло во новата сезона во ПМФЛ меѓу Струга ТЛ и Работнички и тоа со победа на домашните од 2:0. Стрелци на головите беа Компаоре од пенал во 45.минута и Малески во 90+4.минута. Ова е трета победа во третиот меч за стружани, но не беше баш така лесно, ако се знае дека на 1:0, Хоџа во 80.минута ја погоди стативата на домашните. Сепак заслужена победа на домашните, а Работнички и во третиот меч во новата сезона не успеа да ...