Оваа генерација македонски репрезентативци, предводена од Благоја Милевски, без сомнение ќе остане запаметена во аналите на македонскиот фудбал по бројните рекорди соборени низ еден од најдобрите периоди на националниот тим во историјата. Вечерва во Гент, пак, против една од најдобрите светски селекции Белгија, Македонија ќе бара продолжување на уште еден рекорд во низата – атак на 14-ти едноподруго официјален натпревар во низа со постигнат гол! ...

Со синоќешното реми без голови против Белгија во Гент, македонската репрезентација ја продолжи рекордната низа од, сега веќе, 13 едноподруго официјални натпревари во рамките на натпреварувањата на ФИФА и УЕФА, без пораз. Последниот пораз на оваа Македонија предводена од Благоја Милевски е од 17 ноември 2023 година и оној дуел со Италија во Рим, на кој загубивме со 5-2. Од тогаш, Македонија на 13 едноподруго натпревари не знае за пораз, со осум ...