Украински морнарички дронови нападнаа два руски танкери за нафта во Црното Море. Киев се обидува да изврши притисок врз Русија со напад врз празни бродови на пат кон товарење со нафта за странските пазари, пишува Би-Би-Си повикувајќи се на изјава од официјално лице. Се работи за танкерите „Каирос“ и „Вират“ кои работат под санкции. Тие биле на пат кон голем руски терминал за нафта во морето. Украинските сили објавија снимка од ударите: ...
Трговскиот брод Мидволга-2, кој пловел под руско знаме и превезувал сончогледово масло од Русија до Грузија, јавил дека бил нападнат на околу 130 километри од турската обала. Нападот доаѓа откако украински дронови во петокот, 28 ноември, погодија два танкера кои беа на пат кон руско пристаниште. Бродот Мидволга-2 не побарал помош и продолжил да плови кон пристаништето Синоп, јави агенцијата Ројтерс. Според турската Управа за поморски прашања, ...

