Актуелниот градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва во емисијата „Click Plus“ на ТВ21 проговори за подземната сообраќајница под хотелот Лимак. Во однос на тоа дали има шанси ова да се реализира во неговиот мандат, Ѓорѓиевски истакна дека има и ќе се реализира. „Првата јавна набавка која што ќе биде распишана, а поврзана со големи проекти е Лимак, има неколку фази, два кружни текови имаме ...

Прва подземна сообраќајница најави кандидатот за град Скопје од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Орце Ѓорѓиевски во вчерашната емисија Клик плус на ТВ21. Како ќе ја реализира и која ќе биде трасата? „Мене во овој дел од Скопје помеѓу Кисела Вода и Центар ќе ме паметат по „Лимак“, години после мене. Некој можеби ќе го промени асфалтот таму, некој можеби, не знам, ќе засади нови цвеќиња кај кружните текови кај „Нова Македонија“, но јас ќе бидам човекот кој ...