По укинувањето на Законот за солидарен данок од страна на Уставниот суд, Министерството за финансии понуди план за враќање на средствата кои компаниите ги уплатија во буџетот. Станува збор за над 49,2 милиони евра што ги платија 156 фирми. Предлогот е парите да се исплатат на две рати. „Првата исплата да биде во март 2026 година, а втората во март 2027 година, без дополнителни побарувања од страна на даночните обврзници“, наведува Министерството ...
Компаниите сè уште се изјаснуваат за предлогот на Владата парите од „Солидарниот данок“ да им бидат вратени на две рати, во март 2026 и март 2027 и тоа без камата. Дел од фирмите го прфаќаат, други не го прифаќаат понуденото решение. Владата ќе треба да им врати на 156 фирми 49,2 милиони евра, а ако се пресметаат и каматите, односно ако фирмите не се откажат од нив, сумата би се зголемила за дополнителни над 10 милиони евра. „Направивме една ...

