Реал Мадрид и Ал-Хилал одиграа интересно прво полувреме на Светското клупско првенство по кое резултатот е 1-1. Саудискиот тим предводен од новиот тренер Симоне Инѕаги, се покажа како многу опасен на жешкото време во Мајами, но Кралскиот клуб од Мадрид поведе со 1-0 со гол на 21-годишниот Гонзало Гарсија кој првпат е стартер и малку среќно погоди после една убава тимска акција. Седум минути подоцна, во 41-ва минута, Раул Асенсио направи грешка ...
Реал Мадрид не ја оправда фаворитската улога против Ал-Хилал и одигра само 1-1 против најголемиот саудиски клуб. Реал имаше голема шанса да победи, во 90-та минута беше досуден пенал за Кралскиот клуб, но Боно го одбрани шутот од 11 метри на Федерико Валверде. За Реал ова е дури седми нереализиран пенал сезонава во сите натпреварувања. Сега на Реал му останува да го поправи впечатокот на следните два меча, против Салцбург и Пачука, но дебито на ...