Премиерот на Хрватска Андреј Пленковиќ денеска изјави дека никому не му е дадена доверба, мандат или министерска функција да работи на црно, а тие што го прават тоа мора да сносат одговорност и последици. Изјавата доаѓа по апсењето на поранешниот министер за здравство Вили Берош. Тој доби 1 месец притвор. Еден месец притвор доби и бизнисменот Саша Поздер. Двајцата се осомничени за корупција при набавка на болничка опрема. Во истрагата е ...

Загреб, 16 ноември 2024 (МИА) - Истражниот судија на Жупанискиот суд во Загреб им изрече едномесечен притвор на поранешниот хрватски министер за здравство Вили Берош и на бизнисменот Саша Поздер, кои Ускок ги сомничи за корупција при набавка на болничка опрема. Истрагата на Ускок го вклучи и шефот на загрепската невролошка клиника „КБЦ“ и член на управата на поликлиниката во Загреб, Крешимир Ротим, кој ќе се брани од слобода со кауција. Според ...