Во Струмица ќе се гради нов парк на површина од 14.000 метри квадратни кај градинката „Виножито“, во новиот дел на градот, информираа денеска од локалната самоуправа. Паркот е заедничка инвестиција на Општината и УНДП во износ од 26 милиони денари, односно 16 милиони денари ќе се обезбедат од општинската каса, а 10 милиони денари од УНДП. -Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, денеска имаше средба со постојаниот претставник на ...

Во Струмица ќе се гради нов парк на површина од 14.000 квадратни метри, кај градинката „Виножито“, во новиот дел на градот. Новата површина ќе претставува уште еден дополнителен зелен и урбан простор во новата населба Карпош, каде што ќе биде поставена современа урбана опрема, а ќе има и детски и спортски игралишта. Воедно, ќе бидат насадени околу 600 дрвја. Паркот е заедничка инвестиција на Општина Струмица и на УНДП и е во износ од 26 милиони ...