Патеката по која се движела американската мисионерка Мис Стон ќе прерасне во нова туристичка рута во општина Василево. Проектот е дел од прекугранична соработка со општина Кресна - Бугарија и вклучува развој на културно-историски и вински туризам, како и унапредување на инфраструктурата за четирисезонска туристичка понуда. Рутата ,,По стапките на Мис Стон,, ќе биде брендирана и промовирана како културно-историска дестинација и ќе вклучува спомен ...
Американската мисионерка Елен Стон, која беше киднапирана од четата на Јане Сандански и Христо Чернопеев во 1901 и остана позната како Мис Стон, ќе добие Спомен-соба со музејска збирка во Градашорци, Општина Василево. Токму во ова место по шестмесечна голгота, мисионерката од САД беше предадена на преставниците на Протестантската црква откако бил платен откуп од неколку илјади турски лири за Македонската револуционерна организација. ...