Охрид, 25. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – На 24-ти март 2025 година, во 14:50 часот во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид лишиле од слобода 35-годишно лице од Охрид, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички ги нападнал неговите родители и оштетил дел од покуќнината. – По целосно документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од СВР Охрид. (Крај) извор: СВР Охрид фото: ОхридПрес ...
Охрид, 26. март 2025 (ОХРИДПРЕС) – СВР Охрид, до Основното јавно обвинителство Охрид, поднесе кривична пријава против 44-годишно лице од Охрид поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“ по член 383 од Кривичниот законик. – На 11-ти март 2025 година во Охрид, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија, информираат од СВР Охрид. ...