Вчера почина проф д-р Марија Накова, а утре, 3 јануари 2025 година во 13 часот, на скопските гробишта „Бутел“ во Капела 1 ќе ѝ се оддаде последна почит. Накова е родена во 1946 година во Радовиш, каде во 1965 година го завршила средното образование, гимназија. На Медицинскиот факултет – Отсек за стоматологија, дипломирала во 1971. Со звањето специјалист по болести на устата и забите се здобила во 1975 год. Во 1976 год., на Медицинскиот ...

На 91-годишна возраст вчера во Белград почина Ана Глигиќ, вирусолог и раководител на лабораторијата на Институтот Торлак за време на епидемијата на сипаници во 1972 година. За време на епидемијата, таа успеа да го изолира вирусот на сипаници, а нејзините научни трудови за откривање на вирусот Марбург и треската на глувците се познати низ целиот свет. Глигиќ, специјалист по медицинска микробиологија и виш научен соработник на Медицинскиот ...