Репрезентацијата на Холандија ја совлада Унгарија во четвртфиналето на Светското ракометно првенство со конечни 28-23, на тој начин обезбедувајќи пласман меѓу четирите најдобри селекции. „Лалињата“ одиграа одличен меч и ја најавија победата уште по првите триесет минути (14-9), а во второто полувреме не дозволија изненадување и продолжија со силното темпо, на кое противникот немаше одговор. Се обидоа Унгарките со сите сили да се вратат во мечот, ...
Женската ракометна селекција на Норвешка третпат во низа ќе игра во финалето на едно Светско првенство. По освоениот трофеј пред четири години и загубениот дуел за титулата пред две, Норвежанките в недела ќе имаат нова шанса да се искачат на светскиот трон. Во второто полуфинале, одиграно во Ротердам, Норвешка беше поуспешна од домашната селекција на Холандија, совладувајќи ја со сигурни 25-35 (14-18). На тој начин една од најтрофејните селекции ...

