Со натпреварот меѓу Младост УГД и Фит Фан Волеј денеска беше заокружено првото коло од новата сезона во домашниот одбојкарски шампионат во женска конкуренција. Штипјанки пред своја публика остварија многу важна победа над нашиот годинешен претставник во БВА Балканскиот куп со 3:1 (25:18, 25:16, 24:26, 26:24). Фит Фан Волеј во третиот сет ја искористи третата сет топка за да намали на 1:2 во сетови, а малку недостасуваше да се избори и за тај ...
Новајлиите во одбојкарската елита во женска конкуренција, одбојкарките на Газели Волеј ја остварија премиерната победа откако денеска во меч од 2. коло славеа над екипата на Младост УГД со максимални 3:0. Скопјанки покажаа дека не случајно се дел од елитата и успеаја да ги прокнижат првите бодови во најсилната конкуренција и тоа против екипата на Младост УГД која почна одлично сезонава, но не успеа да го задржи победничкиот ритам и на првото ...

