Како што открија шпанските медиуми Флорентино Перес му вети на Чаби Алонсо нов играч од средниот ред, но тие се согласиле да не брзаат со потпишување на нов играч на таа позиција. Чаби Алонсо побара двајца бекови и еден централен дефанзивец веднаш, пред почетокот на Светското првенство, а подоцна во текот на летото и нов централен играч за врска, а опциите вклучуваат – Анџело Стилер од Штутгарт, Езекиел Паласиос од Баер Леверкузен или Тиери ...

Високиот шпански стопер Дин Хујсен ќе биде првото засилување на новиот тренер на Реал Мадрид, Чаби Алонсо. Според италијанскиот фудбалски „инсајдер“ Фабрицио Романо, неговиот трансфер е договорен со Борнмут, и наскоро зделката ќе биде официјализирана. Хујсен има само 20 години, висок е 195 сантиметри, по завршувањето на лекарските прегледи, ќе потпише договор со Реал до 2030 година. Веќе беше познато дека Шпанецот е на прагот на „кралскиот ...