Бардот на македонското новинарство и публицистика од Гостивар, Киро Кипроски, го претстави своето најново, тринаесетто дело. Новата книга, насловена „Светот без Македонија не е цел“, претставува монографија во која се собрани оригинални новинарски текстови. Овие текстови, напишани во различни периоди, го носат обележјето на времето во кое настанале, а авторот посебен акцент става на актуелните случувања, анегдоти и заткулисни игри. Монографијата ...
Во манастирот „Свети Јован Бигорски“ денес беше претставено најновото дело на новинарот, патеписец и публицист од Гостивар, Киро Кипроски – монографијата „Светот без Македонија не е цел“. Оваа книга, која е негово 13-то издание, претставува значајно остварување во неговата долга и плодна новинарска кариера. „Сите случки на кои сум бил присутен автентично сум ги пренесол, како што навистина се случиле“, нагласи Кипроски за време на промоцијата. ...