Составот на Монца беше потопен на денешниот меч против Лацио на „Олимпико“, а токму овој пораз од 5-1 најверојатно ќе донесе промена на клупата на најслабиот тим во Серија А. Последните информации кои доаѓаат од Италија велат дека Салваторе Бокети ќе заработи отказ по шесте порази кои екипата ги доживеа на седумте мечеви во шампионатот. Тој дојде на местото на Алесандро Неста во декември со цел да ја сврти ситуацијата, да донесе нова енергија, ...

Легендарниот италијански ас, Алесандро Неста одново се враќа во најсилната фудбалска конкуренција на „чизмата“ и тоа на познато место, место кое го напушти на крајот на минатата година. Имено некогашниот стопер на Лацио и Милан е именуван за нов тренер на Монца. „Фенерџијата“ имаше лоши резултати под водство на Салваторе Бокети, една победа на седум средби во калчото по што управата на чело со Галијани се реши за промена, враќање на Неста. Со ...