Фудбалската селекција на Холандија одигра подобри први 45 минути против Турција, во четвртфиналето од Европското првенство, но на полувреме со предност заминаа момците на Винченцо Монтела. Во 35. минута Арда Ѓулер испрати центаршут, по кој Акајдин ја смести топката во голот за водство на Турција. За Акајдин ова е прв гол во репрезентативниот дрес на Турција. Турската одбрана заспа на средината на второто полувреме што беше доволно „лалињата“ да ...

Холандија е последниот полуфиналист на Европското фудбалско првенство, откако вечерва во возбудливо четвртфинале во Берлин ја совлада Турција со 2-1 (0-1). Самет Акајдин ја донесе Турција во водство во 35 минута, а Арда Ѓулер на средина од второто полувреме пропушти голема шанса да го удвои водството, откако неговиот удар ја погоди стативата. Казната дојде на спротивната страна во 70 минута кога Стефан де Вриј го израмни резултатот. Само шест ...