Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 18 август. Денеска е Упокојување на преподобен Јован Рилски. Потекнуваше од околината на Софија. Се подвизуваше на планината Рила, живеејќи во едно шупливо дрво, далеку од очите на светот. А кога некои овчари по Божја промисла го пронајдоа, тој му стана светилник на светот па многумина доаѓаа кај него за секаква помош. Забележено е дека и бугарскиот цар Петар одел кај него да се ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 21 август. Денеска е Св. маченица Васа Солунска. Васа беше жена на некој идолски жрец, но истовремено и тајна христијанка. Таа и своите синови ги воспита во Христовиот дух. Нејзиниот маж ја намрази поради тоа и ја предаде заедно со синовите на локалниот судија. Тука беа погубени нејзините синови, а самата Васа се овенча со маченички венец на некој остров во Мраморното Море. Света Васа и ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 20 август. Денеска е Св. пророк Самуил. Свети пророк Самуил живееше околу 1100 години пред Христа. Беше родум од местото Рамат, или Ариметеја, и беше дете измолено од Бога од мајка му Ана, која долго време немаше пород. На три години таа го посвети Самуила на Бога и тој живееше и растеше со телото и духот во Силоам, крај ковчегот на заветот. Тој е последниот од редот на судиите во ...