Италијанскиот тенисер, Јаник Синер обезбеди место во полуфиналето на АТП турнирот во Виена од серија 500. Синер во денешното четвртфинале беше подобар од секогаш незгодниот и непредвидлив Александер Бублик со 2-0 во сетови. Бублик го изненади Јаник во осминафиналето во Хале, но од месец јуни тие двапати се сретнаа и Италијанецот потврди зошто заедно со Карлос Алкарас се едноставно недопирливи во светскиот тенис. На Ју-Ес Опен го уништи рекетот ...

Александер Зверев ќе биде ривалот на Јаник Синер во големото финале на АТП турнирот во Виена откако попладнево ја доби полуфиналната пресметка со Лоренцо Музети. Зверев го надигра италијанскиот ас со 6-4 и 7-5 и утре ќе се обиде да дојде до пехарот во австриската престолнина. Ова за Германецот беше 300 триумф на тврда подлога, учинок кој ќе сака да го подобри во дуелот со Синер кој воедно е реприза на финалето на Австралија Опен каде ...