По три последователни мандати, Фатмир Дехари повеќе нема да биде градоначалник на Кичево. Во вториот круг од локалните избори, победник излезе Александар Јовановски од ВМРО-ДПМНЕ со разлика од 2.020 гласови. Во своето обраќање Јовановски рече дека за време на неговиот мандат нема да прави никакви етнички, политички или верски поделби. „Ми го исполнивте срцето со тоа што ми ја дадовте довербата. Не гласавте за мене како Македонец, гласавте за ...

После 12 години Кичево доби градоначалник кој не припаѓа на доминантното етничко мнозинство, но успеа да ги сплоти сите граѓани. Доктор Александар Јовановски ги надмина етничките бариери и го симна од власт Фатмир Дехари кој три мандати раководеше со Кичево.Тој доживеа пораз,не му помогнаа нити полните автобуси и авиони со нашинци од дијаспората. Кичево е мултиетнички град, граѓаните овојпат се обединија околу заедничките вредности-велат ...