Двајца македонски државјани биле уапсени на граничниот премин со Грција, „Дојран“ откако полицијата пронашла 599 фалсификувани бланко документи од разни европски земји. Тие се веднаш и осудени на затворска казна. Грчката новинска агенција АНА-МПА објави дека Прекршочниот суд во Кукуш, двајцата уапсени ги прогласил за виновни за фалсификување и здружување со цел економска корист и биле осудени на затворска казна од пет години. Според агенцијата, ...

Двајца државјани на Северна Македонија биле уапсени во Грција, а потоа и осудени на затворска казна, откако грчката полиција во петокот при претрес на граничниот премин Дојран кај нив пронашла 599 фалсификувани бланко документи. Од грчката полиција соопштија дека двајцата мажи биле уапсени откако им била извршена проверка при влезот во Грција, а кај едниот, во поставата на јакната пронашле скриени вкупно 440 бланко документи (лични карти, ...