Откако управата на новиот прволигаш Башкими го назначи Муарем Муарем за нов тренер, клубот објави дека ја прекинува соработката со седум фудбалери. Аган Алиу, Албан Мемети, Хусеин Демири, Арлинд Хасани, Егзон Азири, Амар Имери и Христијан Митревски повеќе не се членови на клубот од Куманово. „Ви посакуваме многу успех во кариерата. Ви благодариме што бевте дел од ова патување“, стои во објавата на клубот на социјалните мрежи. Башкими се избори ...

Фудбалскиот клуб Башкими 1947 официјално ја потврди соработката со седуммина фудбалери, кои и во наредната сезона ќе го носат дресот на тимот во Првата лига. Клубот објави дека следните играчи ќе бидат дел од ростерот и во сезоната 2025/26: Ардин Демири, Емир Асани, Самет Реџепи, Мухарем Мислими, Борјан Пановски, Филип Алексовски и Амир Јашар. Од управата на клубот велат дека задржувањето на основниот костур на екипата е приоритет во ...