По исходот од групата Х, ги имаме последните учесници од осминафиналето на Светското клупско првенство, а местото во елиминационата рунда не обезбедија само три европски екипи. Само Салцбург, Атлетико Мадрид и Порто не го минаа првиот филтер на планетарниот собир и се враќаат за дома. Осминафиналето ќе ни донесе само два европски дуели, а секако дека во центарот на вниманието ќе биде соочувањето меѓу Реал Мадрид и Јувентус. Осминафинални парови: ...

Не е осминафинале од Копа Либертадорес, но Ботафого и Палмеирас повторно ќе се судрат – како што беше случај минатата година кога ги спои ждрепката во најдобрите 16 од јужноамериканската елита. И овојпат станува збор за осминафинале, но на Светското клупско првенство, каде што двата бразилски гиганти во сабота од 18:00 часот ќе го оживеат старото ривалство од домашната и континенталната сцена. За разлика оттогаш, кога се играа два меча, сега ...