Околу 20 идеи беа презентирани од страна на младите професионалци пред менторите и останатите учесници на првиот ден од Стартап Викендот кој се одржува во Охрид во организација на Стартап Македонија и домаќинот Универзитетот за информатика “Св. Апостол Павле”. Откако сите си ги презентираа своите идеи, секој учесник располагаше со по три гласа, со кои што можеше да гласа за една или повеќе идеи. По гласањето, половина од идеите продолжија ...

Викендов, од 26 до 28 април се организира второто издание на Стартап Викенд Охрид, настан кој е најголем од ваков тип во државата, а кој започна вчера попладне и ќе трае до утре (недела) вечер. Идејата е учесниците да ги преточат своите идеи во бизнис решенија, односно прототипи. Организатор е Стартап Македонија, а Универзитетот за информатика „Св.Апостол Павле” е домаќин на настанот. Младите професионалци презентирале околу 20 идеи пред ...