Околу 20 идеи беа презентирани од страна на младите професионалци пред менторите и останатите учесници на првиот ден од Стартап Викендот кој се одржува во Охрид во организација на Стартап Македонија и домаќинот Универзитетот за информатика “Св. Апостол Павле”.

Откако сите си ги презентираа своите идеи, секој учесник располагаше со по три гласа, со кои што можеше да гласа за една или повеќе идеи. По гласањето, половина од идеите продолжија понатаму, додека останатите прекинаа. Учесниците, чии што идеи отпаднаа се приклучија на учесниците чии што идеи продолжија понатаму и со тоа воедно се формираа тимовите. Откако тимовите беа формирани, се одржа работилница за Бизнис модел канвас, на која што се разговараше за важнста и суштината на овој модел, информираат организаторите.

Нашата идеја е Omnilyst, воглавно тоа ќе биде платформа специјализирана за контент креатори и инфлуенсери, вели Милента Петковска, учесник на Стартап Викенд и дел од тимот на Ommn.

Искуството на целиов Стартап Викенд е доста едукативно, поради тоа што има многу голем број на информации постојат на интернетот, што можеме на ги најдеме и што може само да не збунат во процесот на самата креација на бизнис. Фасилитаторот беше тука за да не насочи и да ни помогне полесно да креираме еден квалитетен стартап бизнис, вели Петковска.

Дарко Соколески, волонтер на Стартап Викенд Охрид, вели дека си поминува убаво, работно и искуствено, а научил и дека треба да работат понапорно и подинамично.

Јас сум контент креатор на Стартап Викенд и мојот дел е да го креирам целиот контент кој што излегува на социјалните платформи и да го промовирам настанот најдобро што можам, додава Соколески.

Тимовите, потенцираат организаторите, започнаа со работа на своите идеи во текот на ноќта, сѐ до финалното гласање, кое што е закажано во недела попладне.

Нивната задача е да ги преточат своите идеи во бизнис решенија, односно прототипи. Во текот на вториот ден, тимовите ќе имаат и ментороска поддршка, која што е доста разнолика, бидејќи менторите доаѓаат од различни области. Покрај менторската поддршка, за вториот ден е предвидено и оддржување на работилница за валидација на идеја и работилница за pitch, додаваат организаторите.

Презентирани 20 идеи на млади професионалци на првиот ден од Стартап Викенд Охрид

Стартап Викенд Охрид се одржува до утре, кога се очекува да бидат избрани и прогласени најдобрите идејни решенија.

OhridNews