Екипата на Струга Трим Лум на најдобар можен начин денеска покажа дека има намера сезонава да атакува покрај на шампионската титула во ПМФЛ шампионатот, и на Купот на Македонија. Во рамките од 1/8 финалните мечеви кои беа денеска на програмата Стружани на гостински терен во Скопје против екипата на Македонија ЃП извојуваа убедлива победа од 0:5. Серијата погодоци ја започна Ивковиќ, за да потоа погоди и Воша во второто полувреме, па Компаоре, ...
Бранителот на титулата во националниот Куп на Македонија, тимот на Вардар предмалку на домашен терен на комплексот Петар Милошевски во Скопје, во рамките од 1/8 финалето од оваа конкуренција, го совлада второлигашот Новаци со конечни 3:1. Во комбиниран состав во кој претежно се најдоа резервистите во стартиот тим, Вардар успеа да рано да постигне погодоци и на тој начин мирно да го одработи овој дуел. Спахиу беше тој што погоди за водство од ...

