Актуелниот македонски првак, Пелистер со победа ја отвори новата сезона во Лигата на шампиони, откако на домашен терен го совлада Загреб со 25-23. Рубен Аренас Гарабаја, тренерот на македонскиот тим пред мечот зборуваше за атмосферата, а вечерва на дело можеше да види каква поддршка ќе има тој и неговите момци оваа сезона. Шпанецот вели дека не одиграле на најдобро ниво, но на крајот победата е заслужена и треба да ужуваат во неа. „Многу луѓе ...
Победничко отварање на новата сезона во Лигата на шампиони за Пелистер. Македонскиот првак на домашен терен славеше против Загреб со 25-23 во драматична завршница. Ракометарите на Пелистер ја имаа поддршката од своите навивачи, кои пак направија одлична атмосфера. Пофалба за истата имаа и од Загреб. „Пелистер го отвори натпреварот подобро, тоа е јасно. Во второто полувреме успеавме да поведеме, но не бевме во право во клучните моменти и не ...