Светите Дваесет илјади никомидиски маченици Во времето на свирепиот цар Максимијан Херкул христијанската вера во Никомидија цветаше и се умножуваше секојдневно. Еднаш царот бавејќи се во тој град дозна за христијанското мноштво и за напредокот на Христовата Црква, па многу се огорчи и смисли план како да ги погуби сите. Тогаш се приближи празникот на Христовото Рождество, а царот дозна дека тој ден сите христијани ќе се соберат во црквата, па ...

Свети праведен Јосиф Обручник Праведниот Јосиф Евангелието го нарекува м а ж п р а в е д е н (Матеј 1, 19). Затоа и му ја даде Бог Пресветата Дева на заштита, со што му се додели голема чест во домостројот на спасението на човечкиот род. Иако Јосиф беше од царскиот род Давидов, сепак самиот беше скромен дрводелец во Назарет. Во својата осумдесетта година Ја зеде Пресветата Дева од ерусалимскиот храм во својот дом, а во сто и десеттата година од ...

Светите четиринаест илјади младенци маченици во Витлеем Бидејќи мудреците од Исток не се вратија од Витлеем во Ерусалим за да му јават на Ирод за новородениот Цар, туку на заповед од ангел по друг пат заминаа за својата татковина, царот Ирод се разјари како лута ѕверка и нареди да се убијат сите деца на возраст до две години во Витлеем и во сета витлеемска околија. Оваа страшна царска заповед беше извршена буквално. Неговите војници некои деца ...