Интернационалната младинска демократска унија деновиве заседава во Скопје, каде Унијата на млади сили (УМС) на ВМРО-ДПМНЕ е домаќин на дводневен форум што ги собира центар-десно младинските организации од целиот свет. Во главниот град, според организаторите, се присутни повеќе од 45 млади политички лидери од над 25 земји, што настанот го прави едно од најголемите меѓународни политички собирања што досега го организирал младинскиот подмладок на ...

На денешниот настан организиран од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и Меѓународната демократска унија, потпретседателот Александар Николоски изјави дека се работи за еден од најзначајните настани што УМС ги организирала досега, нагласувајќи ја посветената работа на тимот предводен од Сергеј Попов. „Ова е најголемиот настан реализиран од основањето на УМС. Меѓународната демократска унија е најголемото глобално семејство на центар-десни, ...