Екипите на Леганес и Осасуна вечерва во Мадрид ќе одиграат навидум обичен меч на два тима кои се борат за опстанок во шпанската лига, но оваа средба може да придонесе да биде испишана историја во Ла Лига. На досегашните девет меча од ова коло во шпанското првенство, дури на седум победија гостинските екипи, а два меча завршија нерешено. Честа на домаќините ќе се обиде да ја одбрани Леганес. Ако мечот вечерва заврши нерешено, за првпат по 19 ...
Леганес и Осасуна одиграа 1:1 во последниот меч од 30-тото коло на шпанската Примера дивисион. Осасуна водеше со 1:0 со голот на Ернандо, а Раба израмни за Леганес со погодок на три минути пред крајот од средбата. Осасуна имаше шанса уште во првото полувреме да постигне гол, а најдобрата шанса ја промаши Анте Будимир. Хрватскиот напаѓач се најде во една стоостотна шанса, но не успеа да постигне гол само од два метра, и тоа кога мрежата беше ...