Рубен Бараха не е повеќе тренер на Валенсија, откако доби отказ од челниците на овој клуб поради слабите резултати сезонава. Со тоа македонскиот голман Столе Димитриевски ќе добие нов предводник. Бараха не можеше да го извади тимот од кризата, и покрај тоа што беше најзаслужен за опстанокот минатата сезона. „Клубот сака јавно да се заблагодари на Бараха за неговата страст со која го водеше клубот. Бараха е еден од легендите на клубот, откако го ...

Карлос Корберан, сегашниот тренер на англиски ВБА, е назначен на нов тренер на Валенсија. Тој доаѓа на местото на Рубен Бараха, кој доби отказ по слабите резултати. Корберан работеше во повеќе англиски клубови, меѓу кои и Хадерсфилд, беше помошник на Биелса во Лидс, и беше дел од стручниот штаб на Виљареал. Корберан потпиша договор до 2027 година со Валенсија, и ќе му биде нов тренер на Столе Димитриевски кој во моментов е прва опција за ...