Полскиот премиер Доналд Туск испрати остро предупредување до европските лидери на почетокот на клучниот самит во Брисел, нагласувајќи дека Европската Унија се наоѓа пред историска одлука, дали ќе дејствува сега или ќе се соочи со далеку посериозни последици во иднина. „Сега имаме едноставен избор – или пари денес, или крв утре. И не зборувам само за Украина, туку за Европа“, изјави Туск, алудирајќи на дебатата околу користењето на околу 185 ...
Поранешниот претседател на Европскиот совет нагласи дека не станува збор само за Украина. „Не зборувам за Украина, зборувам за Европа“, рече тој. Тој додаде дека ова е одлука што е исклучиво во рацете на европските лидери. „Ова е наша одлука и само наша. Мислам дека сите европски лидери конечно мора да се издигнат на нивото на моментот“, рече Туск. Лидерите на Европската унија денес се состануваат во Брисел на еден од најнапнатите самити во ...

