Утрово во 7:30 часот е локализиран шумскиот пожар во кој гореше нискостеблеста деградирана и дабова шума на планината Лисец, меѓу селата Дреново и Долно Јаболчиште. Се уште чади во високиот дел од планината на карпите и засега нема опасност по шумата, информираат за МИА од Регионалниот центар за управување со кризи. Според нив, штетата по шумскиот фонд треба да ја утврдат екипи на Шумското стопанство „Бабуна“, кое стопанисува со шумата. ...

Десет вработени од ЈП Национални шуми – подружна единица Бабуна Велес, вработени во ЕЛС Чашка и ЈКП Тополка, полициски службеници од ПС Чашка и дел од месното население на село Долно Јаболчиште учествуваат во гасењето на шумскиот пожар на отворено на планината Голешница на врвот Лисец. – Пожарот е се уште активен, истиот е приземен и насочен кон карпестиот дел на врвот Лисец, не пости опасност да зафати населени места. Зафатена површина од околу ...