Во Скопје донесовме многу големи ѕвезди, ама за мене беше историски настан, концертот на Боб Дилан, во 2010 година, и сега, долгоочекуваниот концерт, веќе 20 години, на Ник Кејв, на 22 август , на стадионот АРМ, во рамки на Скопје колинг, а во рамки на соло турнејата низ Европа. Ќе биде придружуван од Колин Гринвуд, најдобро признат како басист на Radiohead. Третиот од тројката ѕвезди што ги почитувам, Брус Спрингстин, е недостижен за нас. Да ...
По Боб Дилан, ова е концерт за кој најмногу сум се борел да го реализирам, изјави сопственикот на „Авалон“, Бобан Милошевски, пред настапот на легендарниот австралиски музичар Ник Кејв во Скопје. Концертот ќе се одржи на 22 август на стадионот на АРМ во Градски парк. „Единствено што сум се борел олку крваво беше да го донесеме Боб Дилан во Македонија и тогаш со брат ми моравме да направиме некоја научна фантастика. Како мој современик кој го ...