Синдикатот на полиција во Македонија до Основното јавно обвинителство (ОЈО) Скопје поднесе кривична пријава против поранешниот министер за внатрешни работи О.С., како и против Д.Ч. актуелна претседателка на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен. Поднесената кривична пријава, како што рече денеска во изјава за медиумите Орце Коцевски, претседател на Синдикатот на полиција во Македонија, е ...

Синдикатот на полиција во Македонија денеска до ОЈО Скопје поднесе кривична пријава против лицата О.С., во момент на сторување на кривичното дело министер за внатрешни работи, и Д.Ч. во моментов актуелна претседателка на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен, заради основано сомнение за сторени две кривични дела – „повреда на право од работен однос“ и „злоупотреба на службена положба и ...