Промена на имињата на улиците, плоштадите и мостовите во Струга иницираат советниците од албанскиот блок партии – идеја која се обидуваат да ја протуркаат цели 2 децении. „Водени од фактот дека нашата општина е мултиетничка, а голем дел од улиците датираат од некои лоши времиња,сметаме дека задираат во чувствата на граѓаните на Општина Струга”, вели Асим Саитоски, Алијанса на албанците Вакви обиди имаше во неколку наврати почнувајќи од 2007-та ...
Маркс Енгелс, ЈНА, 8-ми септември, и други, би можеле да заминат во историјата, доколу струшките советници донесат одлука за промена на имињата на улиците во Струга, кои се уште носат називи од времето на комунизмот и поранешна Југославија. Иницијативата за промена на имињата, која дојде од советникот на Алијанса на Албанците, Асим Саитоски, помина во струшкиот совет со гласовите од албанските блок партии, но не и од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ. Саитоски ...