Полицијата го приведе А.А. од Скопје, 54-годишен затвореник од Идризово, баран со централна и меѓународна потерница поради бегство од затворот. Тој бил осуден на казна затвор од 10 години и пет месеци за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, неовластено изработување, држење и тргување со оружје и фалсификување исправа. Му останале уште шест години и два месеци за доиздржување на затворската казна, но пред четири години, ...

Денеска (30.04.2025) од страна на Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишен од слобода е А.А.(54) од Скопје, кој бил баран со централна и меѓународна потерница по наредба на КПУ Идризово поради бегство од затворот. А.А. е осуден на казна затвор од 10 години и пет месеци за сторени кривични дела “Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори” по чл.215 ст.1, “Неовластено ...