Шпанскиот десен бек Лукас Васкез (34) денес треба официјално да стане нов играч на Баер Леверкузен. Фабрицио Романо напиша: „Постигнат е договор со поранешниот десен бек на Реал Мадрид, кој доаѓа во Баер како слободен агент. Лекарските прегледи веќе се извршени тајно, а договорот ќе биде потпишан во вторник.“ Васкез неодамна се збогува со Реал по 18 години во шпанската престолнина. Неговото збогување се случи во сенка на заминувањето на Лука ...
Лукас Васкез беше еден од капитените на Реал Мадрид до моментот кога се раздели со „кралскиот клуб“, а од Светското клупско првенство наваму, искусниот фудбалер беше во потрага по нова средина. Последните информации од Шпанија велат дека оваа фаза од летниот преоден рок е веќе завршена за Васкез, кој по долго размислување решил да пресече и да го избере својот трет клуб во кариерата по Реал и Еспањол. Иако имаше понуди од Саудиска Арабија и една ...