Охрид, 19. јануари 2025 (ОХРИДПРЕС) – Православните верници денес уште еднаш ќе бидат сведоци на јавувањето на Бог и неговото крштевање. Водите на Охридското Езеро денес уште еднаш ќе бидат осветени, откако ќе ги допре чесниот крст. По неговото вадење од водата „фаќачот“ на крстот и неговата „тајфа“ ја пее песната „Во Јордание“, заедно со верниците. Ова е текстот на Богојавленската песна треба да ја знае секој православен верник. Во Јорданије ...
Кога Господ Исус наврши триесет години од Своето телесно раѓање, го започна Својот учителски и спасителен подвиг. Почетокот стана со Крштението на реката Јордан. Кога Исус Христос се крштеваше во водата на Јордан, на светот му се објави тајната на Божествената Троица. Отецот му се јави на сетилото за слух, Духот на сетилото за вид, а Синот дури и на сетилото за допир. Отецот го изговори Своето сведоштво за Синот, Синот се крсти во водата, а ...