Полицијата на округот Брчко на БиХ уапси осум лица под сомнение дека сториле кривични дела трговија со луѓе, трговија со деца и запуштање или злоупотреба на дете кога вчера во куќа во тој град на крајниот североисточен дел на Босна и Херцеговина беа пронајдени 31 дете на возраст под 12 години. Портпаролката на окружната полиција, Џевида Хукичевиќ, за новинарите изјави дека истрагата е сложена и вклучува неколку линии на дејствување. „Во врска со ...
Истрагата за пронаоѓањето 31 дете во куќа во Брчко е во тек, а „Кликс“ пишува дека неофицијалните информации што ги имаат укажуваат дека со години во зградата функционирала дива градинка за која знаеле соседите. Сега е отворено прашањето дали тоа било параван за трговија со луѓе бидејќи одредени детали може да укажуваат на тоа, додаваат од порталот. Да потсетиме, сопственичката на куќата во која беа пронајдени 31 дете, Захида Ѓого од Брчко, е ...