Кошаркарите на Денвер Нагетс славеа на гостувањето кај Минесота Тимбервулвс (114-127) во богатата НБА програма ноќва. Со одлична игра и предводени од Џамал Мареј кој уфрли 43 поени, како и Никола Јокиќ кој имаше моќен „трипл-дабл“ со 25 поени, 19 скока и 10 асистенции, Нагетси ја запишаа втората сезонска победа. Вреди да се напомене дека во таборот на Минесота недостигаше повредената ѕвезда Ентони Едвардс. Шампионот Оклахома Сити Тандер се ...

Кошаркарите на Денвер Нагетс го декласираа тимот на Њу Орлеанс Пеликанси со 122-88 за трета победа од стартот на сезоната во НБА лигата. Публиката во Колорадо уживаше во уште едно шоу на своите миленици кои беа убедливи против аутсајдерот. На овој натпревар ништо не се смени, бидејќи четврти пат во исто толку настапи оваа сезона Никола Јокиќ забележа „трипл-дабл“ скор. Србинот беше скромен, ама најдобар во таборот на Нагетси со 21 поен, 12 скока ...