Директорот на Комунална хигиена Сабахудин Рустеми заедно со својот раководител Аки Саити завршија во Кривичниот суд со лисици на рацете. Обвинителството и официјално ги товари дека со тоа што го оставија Скопје да потоне во ѓубре и да се претвори буквално во депонија, дозволиле ширење на заразни болести и директно го довеле во опасност животот и здравјето на граѓаните. Формално ќе ги гонат за делото загрозување на животната средина со отпад. ...

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Сабахудин Рустеми, вчера за време на распитот во Основниот кривичен суд – Скопје поднел неотповиклива оставка од својата функција, информира неговиот адвокат Асмир Алиспахиќ. „На барање на мојот клиент, сакам јавно да соопштам дека тој пред судијата на претходна постапка официјално ја депонира својата неотповиклива оставка од местото в.д. директор на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“. Ова е морален ...