Европската канцеларија за борба против измами – ОЛАФ бара Македонија да врати 2,2 милиони евра поради злоупотреби на програмата Еразмус плус. Од Европската комисија на 30 ноември 2023 година испратиле известување до македонските институции, а во текот на март одлуката станала конечна. Од националната агенција за европски образовни програми и мобилност потврдија дека кај нив пристигнала одлуката од Евопската Унија, од каде што велат дека заедно ...

Државата треба да врати 2,2 милиони евра европски пари преку програмата „Еразмус плус“. Националната агенција за европски образовни програми и мобилност пратила барање и до Управата за финансиска полиција за доставување на информации во врска со извршените проверки на Европската канцеларија за борба против измами. Им било соопштено дека предметот е кај Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција и е во предистражна постапка. ...

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара поврат на 2,2 милиони евра од Северна Македонија злоупотребени преку програмата Еразмус+ во периодот од 2016 до 2018 година. Во 2019 година била доставена пријава откако било утврдено дека образовни институции кои аплицирале и ги добивале грантовите, не ги користеле прописно. Генералниот директорат за образование, млади, спорт и култура на Европската комисија, на 30 ноември 2023 година ...