Стоковна куќа „Мост“ важи за едно од повпечатливите места во центарот на Скопје. Таа со нејзиниот карактеристичен изглед одлично се вклопуваше со Старата скопска чаршија, но со појавата на новите „модерни“ градби во непосредното опкружување, тоа малце се измени. Стоковната куќа е дело на архитектот Тихомир Арсовски, подигната во 1977 година, со идеја да ја поврзе старата скопска чаршија со центарот на градот. Иако некогаш имаше славно сеќавање, ...

Кон почетокот на 20 век, градскиот начин на живот почнал да навлегува во секоја куќа. Носијата на доселениците од разни краишта во Скопје, постепено се напуштала. Промената во облекувањето имала важно значење во склучувањето на бракови помеѓу жителите од различни скопски маала, бидејќи некои од нив носеле специфична облека од местата од каде што се доселиле. Така, жителите од Дебар маало со носијата од дебарскиот крај, се разликувале од другите ...