Режисерката Тамара Котевска која веќе имаше голем успех како коавтор на „Медена земја“, македонскиот документарен филм кој во 2020 имаше две номинации за Оскар, повторно оди на Оскар со две номинации за филмот „Силјан“, како македонски кандидат за најдобар интернационален филм и како кандидат за најдобар документарец. – Овој филм ме убеди дека, иако имав прилика да правам и други типови на приказни, најмногу сакам, но и најдобро знам да раскажам ...

„Силјан“ ме убеди дека најдобро знам да раскажам приказна за Македонија, дека најмногу сакам да раскажувам приказни од Македонија. Многу си ја сакам земјата. Толку добро ја познавам и толку многу ја сакам што секогаш ме фасцинира кога наоѓаме реални приказни што всушност личат на научна фантастика, рече режисерката Тамара Котевска на денешната прес-конференција. „Силјан“ е трет документарец на Котевска, која има 2 номинации за Оскар за првиот ...